Кливленд минимално славеше со Далас, Оклахома го растури Бостон, Г.Стејт со 50-та победа по ред дома!

Loading

10 натпревари се одиграа во НБА лигата.

nba1

Кливленд и без Леброн Џејмс славеше над Далас минимално со 99:98. Кевин Лав оствари двоен ефект од 23 поени и 18 скокови, а Кајри Ирвинг постигна 33 поени за Кливленд.

Оклахома го декласираше Бостон со 130:109. Оклахома за три четвртини постигнаа 108 поени, а главните ѕвезди воопшто не влегуваа во игра во последниот период. Дурент даде 28 поени, 7 скока и 9 асистенции за Оклахома.

Стеф Кари постигна 34 поени, а Голден Стејт запиша рутинска победа над Њујорк со 121:85. Голден Стејт ја забележаа 50-та победа во низа на домашен терен.

Триото Деандре Џордан, Џеј Џеј Редик и Крис Пол блескаше против Хјусотн, во триумфот на Клиперси од 122:106.

Редик постигна 25 поени, Џордан имаше 23 поени и 16 скокови, а Пол заврши со 16 поени и 15 асистенции.

Џон Вол со трипл дабл учинок од 29 поени, 10 скока и 12 асистенции го предводеше Вашингтон до победа над Чикаго од 117:96.

Во другите средби Шарлот-Орландо 107:99, Детроит-Атланта 114:118, Мемфис-Минесота 108:114 и Сакраменто-Њу Орлеанс 108:123.

За вечерва 8 натпревари на нба програмата.