Њукасл остана без тренер, Мекларен доби отказ, доаѓа Бенитез!

Loading

Њукасл и официјално го отпушти менаџерот Стив Мекларен, поради лошите резултати кои клубот го сместија на претпосленото место во Англиската премиерлига.

mclaren-1

Стив Мекларен функцијата ја презеде во јуни 2015 година, а во неговиот мандат клубот вложи околу 80 милиони фунти во засилувања, но Њукасл на 28 натпревари во Премиерлигата има само 6 победи, исто толку нерешени средби и 16 порази.

Во Англија остануваат уште 10 кола, а се наоѓа на претпоследното место со 24 бодови, со бод помалку од најголемиот ривал Сандерленд, кој се наоѓа во безбедната зона.

Мекларен во кариерата бил тренер уште и на Мидлсброу, Твенте, Волфсбург, Нотингем Форест, КПР и Дерби Каунти.

Веќе се знае и името на новиот менаџер, станува збор за Рафа Бенитез кој пред два месеца доби отказ во Реал Мадрид, а раководството на Њукасл му понудил годишна плата од 5,1 милиони фунти, колку што заработуваше во Реал Мадрид.

rafael-benitez

Дали Бенитез ќе го спаси Њукасл од испаѓање во понизок ранг на натпреварување останува да видиме до крајот на сезоната.