Кој ќе го суди мечот Македонија – Франција на ЕП 2016 во Полска?

Loading

Незгодните дански арбитри Мартин Гјединг и Мадс Хансен ќе бидат задолжени за делење на ракометната правда на утрешниот премиерен натпревар од ЕП 2016 во Краков, во кој Македонија ќе ги одмери силите со селекцијата на олимпискиот, светскиот и европскиот шампион Франција.

ep 2016 poland

Гјединг и Хансен се арбитри што не потклекнуваат под притисок, а на македонската јавност и се далеку познати по критиките што беа упатувани кон нив поради судењето на мечот во Скопје меѓу Вардар и Барселона.

На вториот натпревар од првото коло во групата А во Краков, дуелот меѓу Полска и Србија, судии ќе бидат Штарк и Штефан од Романија.

Натпреварот Македонија – Франција започнува во 18 часот.