5 натпревари се одиграа во НБА лигата. Кливленд го победи Денвер со 93-87, а Леброн Џејмс постигна 34 поени во Пепси центарот во Денвер и го прослави својот 31-ви роденден. Кај Денвер се истакна Вили Бартон кој даде 29 поени.
Вестбрук и Дурент искомбинираа 53 поени, 15 скокови и 13 асистенции во победата на Оклахома над Милвоки со 131:123. Вестбрук даде 27 поени, а Дурент заврши со 26 поени.
Стартната петорка на Атланта постига 100 поени, најмногу Ал Хорфорд 30 поени и 14 скокови, а ‘јастребите’ славеа во Хјустон со 121:115. Двајт Хауард оствари 30 поени и 16 скокови, а Џејмс Харден постигна 26 поени.
Њујорк славеше над Детроит со 108:96, а Кармело Ентони постигна 24 поени. Марк Гасол со 23 поени го предводеше Мемфис до победата над Мајами со 99:90.
За вечерва 10 натпревари на НБА програмата.