Норвешка и Холандија ќе се борат за зланиот медал на 22-то СП за ракометарки во Данска

Loading

Норвешка и Холандија ќе играат во големото финале на СП за ракометарки што се игра во Данска. Норвешка во инфаркт завршница и две продолженија успеа да го скрши отпорот на Романија и да слави со 35-33.

norway win

Второто полуфинале понуди вистинска борба, врвен ракомет со многу пресврти во текот на целиот натпревар каде и двете репрезентации во последните 30 секунди имаа по еден напад за победа.

Сепак регуларниот дел заврши со нерешено 27:27, а Норвешка во продолжението имаше повеќе сили и нерви успеа да се пласира во финалето на Мундијалот во ракомет.

За романките ова беше уште еден исцрпувачки натпревар откако претходно извојуваа две тешки победи во осминафиналето и четвртфиналето против сеуште актуелниот светски првак Бразил и домаќинот Данска, но немаа сили за нов подвиг.

Финалето се игра в недела на 20 декември во 17 часот и 15 минути, а претходно се игра и натпреварот за 3-то место каде ќе се сретнат Романија и Полска.