![]()
На Инстаграм Ана Ивановиќ сподели неколку гламурозни фотографии пред Ајфеловата кула, како и снимки од спектакуларниот концерт на Лејди Гага во Париз.
Но она што најмногу ги заинтригираше фановите, е тоа што таа повторно е сама на сите фотографии!
Додека целиот свет се прашува дали е таму поради работа, забава или романтично дружење, Ана мистериозно молчи.
Иако често може да се види на патувања ширум светот, следбениците забележуваат дека ретко се појавува со друштво, па се поставува прашањето: кој ја придружува Ана на сите тие патувања и кој стои зад објективот на нејзините „осамени“ фотографии?
Често, во низата фотографии што ги објавува, а се појавува на вечери во ресторани, на романтични прошетки, на плажи, но никогаш не открива кој се наоѓа од другата страна на масата или зад камерата што ја фотографира.
Дали станува збор за пријатели, таинствена придружба или можеби за нова животна фаза… времето ќе покаже.
Како и да е, откако се разведе од Бастијан Швајнштајгер, Ана повторно почна да живее „со полни гради“, патува низ светот и ужива во животот.


