Српскиот тенисер Новак Џоковиќ и Шпанецот Карлос Алкараз утре од 15 часот ќе играат во финалето на тенискиот гренслем Вимблдон во Лондон.
Финалниот натпревар ќе се игра на Централниот терен во 15.часот по средноевропско време.
Српскиот тенисер ќе игра за петти последователен трофеј на Вимблдон, вкупно осми, а 20-годишниот Шпанец за првата титула во своето прво финале на турнирот во Лондон.
Џоковиќ ќе се обиде да ја освои 24-тата гренслем титула и да се израмни со рекордерката Маргарет Корт по бројот на големи трофеи.
Со 23 гренслем трофеи веќе е рекордер во машка конкуренција. По него следуваат Надал со 22 и Федерер со 20 титули. Алкараз има еден од големите турнири оној минатогодишниот на УС Опен.
Букмејкерите објавија прогнози, а улогата на фаворит му припаѓа на српскиот тенисер – коефициентот за победа на Џоковиќ и освојување на турнирот е 1,55, додека на Алкараз е 2,60.