ФИФА пресече – Ќе се случат големи промени, а еве како ќе изгледа следниот Мундијал во 2026!

Loading

ФИФА воведува големи промени на следното Светско првенство кое ќе се одржи во 2026 година.

Низ историјата на светските првенства гледаме прогресија во бројот на учесници, а форматот на самото натпреварување од време на време се менуваше.

За три години домаќини ќе бидат Канада, Мексико и Соединетите Американски Држави, а бројот на селекции никогаш нема да биде поголем – 48.

Во првото коло ќе има 12 групи по четири селекции, премин ќе обезбедат сите прво и второпласирани репрезентации, како и осумте најдобри третопласирани во групната фаза, пренесува „Атлетик“.

Тоа значи дека за 39 дена колку што ќе трае Мундијалот ќе се одиграат дури 104 натпревари!

Да потсетиме, во претходниот формат имавме 64 натпревари на турнирот, сега ќе има уште 40 натпревари.

Квалификации

На следното Светско првенство ќе имаме уште 16 селекции, што е добра вест за помалите селекции кои на тој начин ќе добијат шанса да играат на најголемата фудбалска претстава во светот.

Од друга страна, тоа може да значи дека квалитетот на самиот фудбал ќе се зголеми.

Зголемување по конфедерација:

Азија (8 наместо 4)
Африка (9 наместо 5)
Северна и Централна Америка и Карибите (6 наместо 3)
Јужна Америка (6 наместо 4)
Океанија (1 наместо 0)
Европа (16 наместо 13)