Во тешка сообраќајна несреќа, која се случи пред неколку дена почина синот на претседателот на Светската автомобилска федерација (ФИА)
Саиф бен Сулејем од здобиените повреди почина неколку дена подоцна и е син на првиот човек на мото спортот, Мохамед бен Сулејем.
Тој ја наследил љубовта кон автомобилите од својот татко и возел во Формула 4 серијата на ОАЕ, каде што негови ривали своевремено биле некои актуелни возачи на Формула 1.
Иако Саиф забележа повеќекратни топ-10 завршници во шампионатот, тој одлучи да не ја следи меѓународната тркачка кариера на јуниорско ниво бидејќи неговиот татко во исто време успешно се натпреваруваше во рели.
Деталите за несреќата не се соопштени, портпаролот на ФИА потврди дека животот го загубил синот на претседателот, а семејството скршено од болка побарало приватност.