Се нижат скандалите во фудбалска Европа – Претседателот на ПСЖ обвинет за киднапирање и тортура!

Loading

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи повторно се најде под обвиненија и против него е покрената истрага пред три истражни судови во Париз.

фото: AFP

Тој беше обвинет за киднапирање и тортура од француско-алжирскиот лобист Таиб Бенабдерахман, кој пред неколку месеци изјави дека претрпел тортура во Катар во текот на 2020 година, бидејќи поседувал документи кои можат да го компромитираат претседателот на ПСЖ.

Како што пренесуваат француските медиуми, меѓу кои и угледниот L’Equip, бизнисменот поднел жалба во својство на граѓанин, за што францускиот закон бара истрага во врска со злосторствата за тортура и киднапирање, што ги навел во жалбата.

Неговите адвокати, Роман Руис и Габриел Вајнар, беа многу задоволни по неколкумесечните критики на францускиот правен систем за неговата бавност и недостаток на акција.

Информациите кои ги имал Бенабдерахман наводно може да бидат мотивот на Ал-Келаифи затоа што го компромитирале во врска со доделувањето на Светското првенство во Катар и распределбата на ТВ-правата за Светските првенства во 2026 и 2030 година за корпорацијата „BeIN“, на која тој е сопственик.