Само тој не се тушираше по секој меч – Дур и Шек остана без зборови, тој беше најлошиот соиграч!

Loading

Легендарниот американски кошаркар Шекил О’Нил играше во НБА речиси две децении и во тој период имаше шарени искуства со стотици играчи со кои ги делеше соблекувалната и теренот, но еден беше „најлош од сите“.

фото: Andrew D. Bernstein/NBAE via Getty Images

Во едно телевизиско шоу, О’Нил ги изненади сите кога го именуваше контроверзниот Денис Родман за најлош соиграч, пред се затоа што ретко кој се сеќава дека тие двајца некогаш настапувале заедно.

Тоа беше во 1999 година во Лејкерс, претпоследниот НБА клуб на Денис Родман, а за помалку од два месеци соработка, О’Нил откри бројни грди навики на петкратниот освојувач на шампионскиот прстен.

“Кој беше најлошиот соиграч? Денис Родман без сомнение. Тој беше одличен кошаркар, но тежок човек. Се обидувате да создадете единство во тимот, но еден човек е секогаш над сите и го прави она што го сака. Доаѓавме еден час пред секој натпревар, а Родман доаѓаше 15 минути порано јадејќи пилешко и ориз. Додека тренерите разговараат, тој оди да се тушира. Потоа истрчува на подот и добива 15-20 скока… По натпреварот не се ни тушира, оди во клубот на забава и запознава нови девојки“, изјави Шекил О’Нил без влакна на јазикот.

Во неговиот краток мандат со Лејкерси, Родман одигра само 24 натпревари, бидејќи доби отказ поради постојано доцнење на тренинзите и натпреварите, а исто така беше проблематичен во соблекувалната на познатиот клуб.

фотo: USA TODAY Sports

Во овој период тој имаше просек од само 2,1 поен и 11,2 скока по натпревар.