Натпреварот од англиската лига 2 помеѓу Бредфорд и Донкастер го одбележа бизарното исклучување на искусниот играч за врска Ли Томлин.
Тој заработи два жолти картони и исклучување во петтата минута од судиското надополнување во првото полувреме.
Томлин прво беше казнет затоа што одби да се тргне кога противникот сакаше да изведе слободен удар. Само 30 секунди подоцна играч на Бредфорд му пријде на Томлин одзади, играчот на Донкастер драматично падна и извлече прекршок.
Сепак, за негова несреќа, судијата беше доволно блиску за да види дека лажира, па му додели втор жолт картон и го испрати во соблекувалната.
Погледнете како тоа изгледаше:
Lee Tomlin was given a red card after picking up two bookings in a minute for time-wasting in the first half of Doncaster's League Two game at Bradford.pic.twitter.com/tgf5oue2Dg
— Sam Street (@samstreetwrites) July 30, 2022
Натпреварот помеѓу Бредфорд и Донкастер заврши без голови 0:0.