(ВИДЕО) Халанд се посрамоти како никогаш досега – Пола Европа му се смее откако промаши празен гол!

Loading

Во јубилејното 100-то издание на Комјунити Шилд, Ливерпул го победи Манчестер Сити со 3:1 и со тоа стигна до првиот трофеј во сезоната 2022/23.

фото: Printscreen

Натпреварот го одбележаа најскапите засилувања на двата тима. Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез ја погоди мрежата во својот прв официјален натпревар во дресот на „црвените“, додека неговиот ривал Ерлинг Халанд соодветно се обрука.

Халанд беше очаен на овој меч. Пропушти неколку одлични можности, а особено се истакна промашувањето во судиското надополнување.

Доби одбиена топка во шеснаесетникот, а иако голманот Адријан беше на земја, Норвежанецот го погоди горниот дел од гредата.

Иако неговиот евентуален гол немаше ништо да смени, бидејќи Ливерпул во тој момент водеше со 3:1, тој мора да има горчлив вкус во устата поради срамниот потег.

Очекувано, неговото катастрофално промашување брзо стана вирален хит, а Норвежанецот беше предмет на потсмев на социјалните мрежи.