Пријателот на Шумахер разоткри се – Секогаш гледаме заедно Формула 1!

Loading

Деновиве повторно се крена бура за здравствената состојба на легендарниот Михаел Шумахер, но сега пристигнуваат најшокантните информации…

Поранешниот шеф на Ферари, Жан Тод изјави дека заедно со седумкратниот светски шампион ги следат трките во Формула 1 шампионатот на телевизија, пренесува германски RTL.

Тој одговараше на тврдењата на поранешниот агент на Шумахер, Вили Вебер, кој го обвини семејството на легендарниот Ф1 возач дека не ја кажува вистината за неговата моментална состојба.

,,Не ми недостига Мајкл, го гледам цело време. Вистина е дека заедно ги гледаме трките. Сепак, ми недостигаат работите кои порано ги правевме заедно – изјави Тод, кој не сакаше да открие повеќе информации.

На 29 декември 2013 година Шумахер (53) се здоби со сериозна повреда на главата додека скијаше во Франција.

Веднаш бил префрлен во болница во Гренобл каде итно бил опериран, а потоа поминал шест месеци во кома.

Неговото опоравување потоа продолжи во Лозана, пред да биде префрлен на домашно лекување во Гланд, Швајцарија, во септември 2014 година.

шумахер1

Се уште нема вистински информации за неговата состојба, како што ретко се огласува неговото семејство.

Шумахер беше седумкратен шампион во Ф1, а во ова натпреварување со 91. победа.

Возеше за тимовите на Џордан, Бенетон, Ферари и Мерцедес. Тој ја возеше својата последна трка во Ф1 во ноември 2012 година за Големата награда на Бразил.