Еден од најспектакуларните НБА драфтови досега во историјата беше оној во 1996 година, кога дури една третина од селектираните кошаркати во првата рунда подоцна станаа НБА Ол-стар играчи.
Оваа класа произведе тројца играчи кои заедно освоија четири МВП награди на НБА (Коби Брајант, Ален Ајверсон, Стив Неш), седум други драфтувани играчи кои станаа Ол-стар (Шериф Абдур-Рахим, Реј Ален, Жидрунас Илгаускас, Стифон Марбери, Џермејн О’ Нил, Пеџа Стојаковиќ, Антоан Вокер).
На драфтот на НБА од 1996 година беа прикажани некои од најголемите кошаркари во историјата на лигата. Многумина го сметаат за најдобра НБА драфт-класа на сите времиња, со исклучок на класата од 1984 година, која вклучува легендарни играчи како Мајкл Џордан, Хаким Олаџувон и Чарлс Баркли.
Друга група која е во најсилна конкуренција е драфт класата од 2003 година, во која беа Леброн Џејмс, Двејн Вејд, Кармело Ентони и Крис Бош.
Да се потсетиме на некои од најголемите имиња на легендарниот драфт од 1996 година…