(ФОТО) Дали е можно?! Славниот фудбалер во врска со пријателката на својот починат син!

Loading

Поранешниот германски репрезентативец Михаел Балак (45) е во врска со 21-годишната Софија Шнајдерхан, пишува германски Билд.

фото: Profimedia

За да биде приказната уште побизарна, Михаел ја запознал Софија како пријател на неговиот покоен син Емилио.

Емилио загина во сообраќајна несреќа минатата година. Таа трагедија ги зближи Михаел и Софија, а двајцата беа видени заедно на саемот за модерна уметност Арт Базел каде се бакнуваа.

Шнајдерхан работи за Луиз Моделс и има 54.000 следбеници на Инстаграм.

Емилио беше едно од трите деца кои Балак ги имаше со Симон Ламб, од која се разведе во 2012 година.