Валенсија ја победи Селта со голот на Гомеш и автоголпт на Араухо, но сите останаа шокирани кога видоа дека овој натпревар се игра пред празни трибини и не им беше јасно што се случува на Местаља.
Преносот покажа дека речиси и да нема навивачи на трибините, но сепак се слушаше песната на навивачите на Валенсија и на многумина не им беше јасно за што се работи.
Сепак, набрзо стигна објаснување. Имено, пред Местаља имаше повеќе од 10.000 навивачи кои навиваа во текот на целиот натпревар, но одбиваа да влезат на трибините на својот стадион.
Тие на овој начин покажаа протест против сопствениците на клубот Питер Лим и Меритон кои со години се обидуваат да го натераат да го продаде клубот.
ÉXITO TOTAL DEL VALENCIANISMO | 📽️🦇
🔥Manifestación CONTRA MERITON
↔️CONTRASTES AV/SUECIA – MESTALLA
¡Que se entere TODO EL MUNDO! #LimGoHome pic.twitter.com/6tzc1DgwTE
— Superdeporte (@superdeporte_es) May 21, 2022
Валенсија разочара и оваа сезона бидејќи остана без трофеј и пласман во Европа.
„Лилјаците“ завршија само на деветтото место и одамна се простија од борбата за Европа. Навивачите веќе не можат да издржат и тоа јасно го покажаа.
Valencia fans protest outside Mestalla against Peter Lim and Meriton ahead of this evening's game with Celta Vigo.
🎥 @DepCOPEValencia pic.twitter.com/OS7HcdEGzC
— Get Spanish Football News (@GSpanishFN) May 21, 2022
Сцените пред стадионот на Валенсија го изненадија, но и го воодушевија фудбалскиот свет, а многумина изјавија дека навивачите на шпанскиот клуб покажале како се бори против сопствениците кои упорно одбиваат да си заминат, а резултатите од сезона во сезона се се полоши. . .