Колку се проценува богатството на Шумахер? Направил потег кој буди сомнеж дека си ја предвидел несреќата!

Loading

Неговата сопруга Корина сите овие години се бори да му помогне на големиот шампион да закрепне. Во декември 2019 година, Корина Шумахер испрати мистериозна порака.

Таа рече дека големите работи почнуваат со мали чекори, а тоа е пораката која медиумите ја протолкуваа како информација за здравјето на нејзиниот сопруг.

Животот на семејството Шумахер засекогаш се промени по таа кобна несреќа, а за ситуацијата низ која минува доволно говори и фактот што Михаел никогаш не се појави во јавноста, како и тоа што нема икаква фотографија со него.

Неговите роднини направија се што беше во нивна моќ да се опорават и целосно го искористија импресивното богатство со кое располагаа.

Меѓународните медиуми дознаваат дека Михаел Шумахер оставил тестамент три години пред несреќата.

шумахер1

Иако лично не зборуваше за сумата, се чини дека таа би била околу 750 милиони фунти или нешто повеќе од 900 милиони долари, тврдат новинарите на сајтот thesportrush.com.

Шумахер зборуваше на оваа тема во 2010 година и рече дека парите ќе останат кај семејството.

„Да, направив тестамент затоа што сум семеен човек. Но, тоа има помалку врска со Формула 1, туку повеќе со фактот дека се може да се случи во секојдневниот живот“, рече Шумахер.

Корина Шумахер често изјавуваше дека нејзиниот сопруг ја добива најдобрата можна грижа.

„Тој сега е во најдобри раце и правиме се што можеме за да му помогнеме. Обидете се да разберете дека ја почитуваме желбата на Мајкл да го чува своето здравје во тајност. Бидете сигурни дека тој е во најдобри раце и дека правиме се што е човечки можно да му помогнеме.„Ве молам разберете дека ги следиме желбите на Мајкл и дека ова чувствително прашање го чуваме приватно како и секогаш“, заврши сопругата на Шуми.