Фудбалерите на Болтон, вчера на домашен терен го победија Флитвуд со 4:2 во 46. коло од Лига 1.
Со овие три бода Болтон дојде до само деветтата позизија и веќе е јасно дека ќе биде тешко да се врати во Чемпионшип сезонава.
Сепак, еден детал од овој натпревар стана главна тема на социјалните мрежи, а тоа е голот на Вондерерс за 1:1.
Имено, во 37. минута од натпреварот видовме неверојатен гол на домашните за израмнување. Во центарот на вниманието беше Дион Чарлс, кој погоди од половина терен за 1:1.
Но, не би било толку чудно ако Чарлс имал намера да постигне таков гол.
Тој всушност сакаше со лизгачки старт да му ја одземе топката на противничкиот играч, но ја блокираше на неверојатен начин, а на изненадување на сите, топката на крајот заврши во мрежата на Флитвуд.
Се поклопи и тоа што голманот на гостите беше далеку од голот, па практично беше лобуван не со удар туку од блокада на противничкиот играч, од половина терен.
Навистина, необично! ПОГЛЕДНЕТЕ….
What a goal Dion Charles #bwfc pic.twitter.com/fCEXbN3d9B
— BWFCBWFC (@bwfcbwfc) April 30, 2022