Српскиот кошаркар Никола Јокиќ беше ѕвезда на Ол-стар медиа денот, а сигурно е дека причината за неговото расположение беше тоа што денеска му е роденден.
Јокиќ во традиционалниот разговор со новинарите направи шоу со Лука Дончиќ, асот на Далас Маверикс.
Во еден момент му фрли топче откако Дончиќ го нарече „Јокара“.
– Го мразам“, рекол Јокиќ и се насмеал, секако на шега зборувајќи за Лука. Го познавам, зборуваме на ист јазик и добро сум со него – додаде МВП-то на НБА лигата.
Тој разговараше и за други европски кошаркари во НБА.
– Мислам дека сите во САД мислат дека сме Европејци од една земја. Се чини дека сите дојдовме од едно место, сите игравме во Европа, а потоа дојдовме овде да играме. Имаме слични искуства и тоа е некаква врска, не поврзува. Боби Марјановиќ ми е добар пријател, Вучевиќ… Сите сме добри.
Ол-стар натпреварот е закажан за вечерва од 02 часот по полноќ во Кливленд.
– Моите очекувања се да дадам барем еден поен, да се караме и да ги навредувам другите затоа што никогаш не го правам тоа, се пошегува уште еднаш Јокиќ.