Само 22 налепници ги исполнуваа строгите критериуми на колекционерите, а оваа продадената беше реткост бидејќи за Португалецот беше прва сезона во сениорскиот фудбал.
Сликичката на фудбалерот Кристијано Роналдо во дресот на Спортинг од сезоната 2002/03 е продадена на аукција во Њу Џерси за неверојатни 80.000 долари или околу 70.000 евра.
Прашањето што се поставува е како оваа слика достигнала таква вредност. Имено, како што беше објаснето на аукцијата, во светот постојат само 200 сликички на Роналдо во дресот на Спортинг Лисабон. И тоа оние сликички кои не се залепени во албум.
Како што изјавија педантните колекционери, од тие 200, само 22 парчиња се во одлична состојба и можат да се појават на една од аукциите.
A very rare Panini sticker of Cristiano Ronaldo at Sporting Lisbon has sold at an auction in the USA for £60,000. 🤑🤑 pic.twitter.com/XgRtwSLgea
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) February 8, 2022
Таа сезона 2002/2003 година, Кристијано Роналдо ја одигра својата прва сезона како професионален фудбалер и поради таа причина сликата има посебна вредност.
Интересно е што таа сезона Кристијано Роналдо гостуваше во Белград, кога Спортинг одигра 3:3 против Партизан. На првиот меч во Португалија, црно-белите славеа со резултат 3:1 и така продолжија во тогашниот Куп на УЕФА.
– Ова е слика на еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња. Направена е во Италија за португалскиот пазар. По сите овие години останаа само неколку примероци, бидејќи луѓето најчесто ги фрлаат кога го пополнуваат албумот – објасни Џејми Солт, кој ја водеше аукцијата.