Каков баксуз – Стави богатство на тикет и доживеа болем шамар!

Loading

Од Америка ни доаѓа нереална обложувачка приказна.

фото: Profimedia

Синсинати Бенгалс го совладаа фаворизираниот Канзас Сити со 27:24 во финалето на Американската фудбалска конференција по голем пресврт и продолженија и изборија учество во овогодинешниот НФЛ Супербол.

Шефовите одлично го отворија натпреварот, поведоа со 21:3 и се чинеше дека рутински ќе забележат триумф пред своите навивачи, Бенгалците делуваа целосно растурено.

Еден несреќен обложувач, убеден во сигурниот триумф на Шефовите, решил да оствари „лесна“ добивка, па со споменатиот резултат платил 200 илјади долари за триумф на Канзас Сити. Заработката била само 10.000 американски банкноти.

За негова несреќа следеше шокантен пресврт на Бенгалците. Шефовите испуштија голема предност и по продолжението претрпеа пораз од (27:24), а еден нивни навивач загуби огромно богатство….