Шпанскиот тенсиер Рафаел Надал со години е во среќен брак со Франциска Перело, која ја запознал пред точно 14 години.
Нејзиното вистинско име е Марија Франциска Перељо, работи како агент за осигурување, а може да се пофали и дека завршила и бизнис академија.
Таа му помага на Надал во работата на неговата фондација, каде што беше назначена за директор на проектот.
Според некои информации, двајцата почнале да се забавуваат во 2005 година, иако пред тоа се познавале неколку години. Во јануари 2019 година Франциска и Рафа се свршија, а следниот октомври следуваше венчавка, која беше изведена пред 350 луѓе во прекрасниот замок „Форталеза“ на Мајорка.
Интересно е што шпанската двојка засега нема деца, иако самиот Рафа неколку пати истакна дека би сакал еден ден да стане татко.
Сепак, тогаш нагласи дека можеби е најдобро да се чека вистинскиот момент, односно крајот на професионалната кариера.
Иако, многумина шпекулираат дека тоа е она што недостасува за нивната среќа да биде целосна.
Самата Франциска во едно од ретките интервјуа истакна дека не сака да присуствува на натпреварите на Надал за да ја „зачува нивната врска“.
На тој начин смета дека тоа би го нарушило фокусот на Рафа и затоа му го дава целиот слободен простор.
Последен пат ја видовме на трибините за време на Австралија опен во 2020 година, кога ја следеше победата на Шпанецот против Ник Кирјос.
Инаку, Марија Франциска нема социјални мрежи и јавно кажа дека не сака да биде во центарот на вниманието.