Кајри Ирвинг наскоро би можел да се најде на паркетот во НБА лигата.
Тој како невакцинирана личност и жител на Њујорк нема право да игра за Бруклин Нетс на домашен терен.
Тимот сакаше да го казни и да не игра на гости, но се чини дека тоа ќе се промени бидејќи се повеќе кошаркари се заразени со коронавирус.
Според ESPN, Кајри Ирвинг ќе дебитира во јануари, поточно на 17 јануари, кога Бруклин Нетс во својата сала ќе игра против Кливленд Кавалирс.
Да потсетиме, Кајри Ирвинг беше првиот пик на драфтот во 2011 година, а Кливленд Кавалирс го избраа од Универзитетот Дјук.