Каква приказна: Ја понудил неговата сестра на Галијани – Гатузо дознал па го претепал!

Loading

Џенаро Гатузо во својата фудбалска кариера важеше за жесток тип на кој ретко кој се осмелуваше да му се спротивстави.

Сепак, колегите од Милано честопати го почестуваа со некоја шега за паметење, а една од нив ја изведе славниот Андреа Пирло.

Гатузо го остави мобилниот на маса, а Пирло реши да испрати неколку пораки во име на својот соиграч. Легендарниот играч за врска добро се сеќава на тоа.

– Со сета почит кон неговата мајка, Андреа Пирло беше вистински кучкин син во соблекувалната. Има лице на ангел, но е кучкин син – рекол Гатузо и ја продолжил приказната:

– Еднаш го оставив телефонот на маса, а тој испрати порака до потпретседателот на Милан (Адриано Галијани) и спортскиот директор Браида. Им ја понудил мојата сестра – изјави Гатузо.

– Преговарав во негово име. Напишав: „Драг Ариедо, ако ми го дадеш она што го сакам, можеш да ја имаш мојата сестра. Гатузо дозна за тоа и ме претепа. Му се јави на Браида и рече дека тоа е уште една моја шега – се присети поранешниот тренер на Јувентус.

Поранешните играчи од средниот ред на италијанската репрезентација заедно го носеа дресот на „росонерите“ од 2001 до 2011 година, кога Пирло замина во тимот од Торино.

Една година подоцна клубот го напушти и Гатузо, кој заедно со великанот на Милан освоија апсолутно се.