Фудбалерот на Сандерленд и поранешниот англиски репрезентативец Адам Џонсон е осуден на казна затвор од 6 години, откако беше прогласен за виновен за секс со малолетничка.
Џонсон за време на судскиот процес призна дека ја бакнал во уста 15 годишната тинејџерка, но го демантираше обвинението за орален секс, а во неговиот телефон биле пронајдени експлицитни фотки и пораки, кои што тој ги разменувал со девојчето.
Самиот Џонсон изразил желба да побара помош од психијатар, за да може да ги надмине неговите сексуални потреби, а исто така е обврзан да плати казна од 50 илјади фунти, и судските трошоци во висина од 60 илјади фунти.
Па така со оваа пресуда кариерата на 28 годишниот фудбалер е завршена.