11 години од кобната несреќа на Шумахер која го шокираше светот – Жив е благодарение на ……

Loading

На денешен ден, пред 11 години, Михаел Шумахер доживеа тешка несреќа на скијање во Швајцарија.

шумахер1

Еден од најдобрите и најпопуларни спортисти на сите времиња на 29 декември 2013 година се здоби со тешка повреда на главата на француските Алпи.

Зимскиот одмор се претвори во катастрофа која го одбележа животот на семејството Шумахер.

Мајкл скијал на неуреден дел од планината и во таа прилика паднал и со главата удрил во карпа. Кацигата се скршила на половина, но му го спасила животот, по што со хеликоптер бил префрлен во болница.

Во јавноста стигнаа различни информации за неговата состојба, но семејството уште од првиот ден инсистираше на строга приватност, па и денеска многу работи не се познати.

На почетокот јавноста ја информираше Сабине Кем, а потоа неговиот адвокат Феликс Дам на рочиштето за тужбата против германскиот магазин „Бунте“ кој изјавил дека Мајкл ниту може да оди ниту да стои.

Во отсуство на официјални информации, сите овие години беа исполнети со шпекулации, лажни вести и непроверени „инсајдерски“ информации од неименувани пријатели или поранешни соработници.

Од затворање во кревет и хранење со цевка, до седење во инвалидска количка, тој има слаба меморија и ги поминува деновите гледајќи низ прозорец.

Еден таков извор откри дека сопругата на Мајкл, Корина и децата Џина-Мари и Мик не престанале да се надеваат на „медицинско чудо“.

Шест години по несреќата, зборовите на познатиот неврохирург Никола Ацери не беа охрабрувачки. Тој тврдеше дека Шумахер не може да биде во добра форма.

,,Поминаа шест години, мора да разберете дека тој не може да биде ист како порано. Сите делови од неговото тело се секако оштетени, а сето тоа како последица на оштетување на мозокот предизвикано при падот – изјави Аќери.

Неврохирургот, исто така, изјави застрашувачко тврдење дека Шумахер не би бил жив ако не бил богат.

,,Пациентите кои не се толку финансиски моќни сигурно досега ќе умреа. Неговата состојба бара 24-часовна грижа, па иако околу себе има цел тим физиотерапевти, невозможно е да се избегнат компликации, како што се мускулна атрофија, остеопороза и дисфункција на органи – додаде Аќери.