Видео: 10-та плејоф победа по ред на Кливленд Кавалирс!

Loading

Кливленд Кавалирс стигна и до 10-тата победа по ред во плејофот, откако во вториот натпревар од финалето на истокот го победи Торонто со 108-89 и поведе со 2-0 во победи.

кавси

Кајри Ирвинг со 25 поени беше најефикасниот играч на натпреварот, но Леброн Џејмс беше најзаслужниот за овој триумф на Кливленд бидејќи средбата ја заврши со трипл-дабл учинок од 23 поени, 11 скока и 11 асистенции.

Кај гостите од Торонто најефикасен беше ДеРозан кој постигна 22. Серијата се сели во Канада, каде следниот меч на програмата е во недела.

кавси1

Третиот натпревар од финалето на Западната конференција помеѓу Голден Стејт и Оклахома ќе се игра в понеделник наутро во Оклахома каде резултатот е 1-1 во победи.