full screen background image
Последни Вести

Домашниот тенисер Шаповалов го шокираше Надал во 1/8 финалето на Мастерсот во Монтреал (видео+фото)

На тенискиот мастерс 1000 што се игра во Монтреал се случи најголемото изненадување.

Канадскиот тенисер Денис Шаповалов приреди сензација. Тој со пресврт во 1/8 финалето го победи Надал со 2-1 во сетови 3-6, 6-4 и 7-6 и обезбеди 1/4 финале.

Надал го освои првиот сет, но потоа се разигра домашниот тенисер кој сосема заслужено стигна до триумфот.

Надал со овој пораз ја пропушти шансата, по три години, повторно да биде светски број 1. За првото место на АТП листата Надал во Монтреал требаше да стигне најмалку до полуфиналето.

Но, шпанскиот тенисер ќе има уште една можност да го освои првото место. Следната недела кога на програмата е Мастерсот во Синсинати, бидејќи и на овој турнир нема да игра Енди Мареј.

Во четвртфиналето Шаповалов ќе игра против францускиот тенисер Адриан Манаринo.

Пласман во 1/4 финалето обезбеди и Федерер кој во три сета го победи Ферер со пресврт 4-6, 6-4, 6-2.

Федерер во четвртфиналето го чека уште еден Шпанец, Роберто Баутиста Агут.