„Спорт клуб“ спортските канали наскоро заминуваат во историјата….
Истите ќе биде изгаснати, пишуваат српските медиуми, откако беа откупени од Телеком Србија.
,,Групацијата Телеком Србија постигна договор за стекнување на 100 проценти од акциите во Eon TV International Ltd (холдинг-компанија на NetTV Plus), бизнисот директно до дома (DTH) во рамките на EoNSat и Total TV во Србија и Македонија, како и за стекнување на одредени права, лиценци и други средства поврзани со каналите Sport Klub за Западен Балкан за сума од 652 милиони евра, се вели во соопштението.
Спорт клуб со години наназад беше омилен посебно кај машкиот дел од публиката.
Во иднина сите спортски преноси кои ги имаше оваа телевизија се селат на каналите на „Арена спорт“.
Тоа значи дека од следниот месец кошаркарската Евролига, Формула 1, тениските Мастерси, Мото ГП, Бундес лигата и првенството на Саудиска Арабија се селат на „Арена Спорт,, каналите.