Кошаркарите на Бургос победија на гостувањето кај Бетис 85:76, но резултатот остана во втор план поради неверојатниот кош кој го постигна гостинскиот играч Џером Рендл.
На крајот од третата четвртина при водство на гостите од 62:59, aмериканецот кој настапува за Украина, речиси од очај, со една рака ја исфрли топката над чуварот и го погоди кошот!
Ваков погодок на кошаркарските терени многу ретко се гледа…