Репрезентација на Србија во баскет 3X3 стана светски шампион откако во финалето во Виена ги совлада Соединетите Американски Држави со резултат 21:19.
Србија ја освои титулата по неверојатен пресврт и шест коша во низа, откако САД водеше и беше на чекор од златниот медал со 15:19.
При резултат 19:19 американците промашија два напада за победа, што го искористија србија и стигнаа до златниот медал што е нивни шестти од последните осум првенства.
3×3 Basketball Gods exist, and so far like Serbia 🇷🇸#3x3WC pic.twitter.com/QzhbMPZxyt
— FIBA3x3 (@FIBA3x3) June 4, 2023
Србија беше актуелен светски шампион, а само со пласманот во финалето доби виза за олимпискиот квалификациски турнир за Олимписките игри во Париз во 2024 година.
СРБИЈА настапи во состав: Марко Бранковиќ, Страхиња Стојачиќ, Дејан Мајсторовиќ, Михаило Васиќ.
За САД играа: Џимер Фредет, Кенион Бери, Карим Медокс, Дилан Тревис.
Третото место го обезбеди селекцијата на Летонија која беше подобра од Бразил со резултат 22:12.
Во женското финале САД ја совлада Франција со (16:12). Трета селекција е Австралија која ја совлада Кина со 21:20.
🇷🇸 SERBIA ARE YOUR FIBA 3×3 WORLD CUP 2023 WINNERS 🎊🥇#3x3WC | @KSSrbije pic.twitter.com/npQiPvccVp
— FIBA3x3 (@FIBA3x3) June 4, 2023