ВИДЕО: Играч на Денвер открива – Браќата на Никола Јокиќ се како мафијаши, но…

Loading

Кошаркарот на Денвер Нагетс, Мајкл Портер Јуниор во едно интервју зборуваше за Никола Јокиќ, но и за неговите браќа.

Пред почетокот на сезоната, повеќето луѓе во Денвер зборуваа за интересното интервју на Мајкл Портер Јуниор, кој зборуваше за браќата на српскиот кошаркар.

Немања и Страхиња Јокиќ се редовни посетители на натпреварите на Денвер и едноставно е невозможно некој да не ги забележи на трибините.

Нивното живо навивање и реакции за одлуките на судиите привлекуваат големо внимание кај американската јавност, па водителите на американското радио шоу се интересираа што мисли соиграчот на Никола за нив.

“Човече, неговите браќа се како мафијаши! Тие се толку различни од него, се обидуваат да влезат во теренот на скоро секој втор натпревар за да се тепаат. Претпоставувам дека тие се голема работа таму во Србија, но тие се толку различни од Јокиќ, се грижат за него, го пазат, тие се кул момци “, рече Портер, со насмевка на лицето.