На трката во Формула Е серијата што се возеше во Рим, се случија стравични сцени каде повеќе болиди се судрија со голема брзина.
Лидерот на трката изгуби контрола над возилото, што предизвика хаос на патеката, а потоа и возачите зад него се судрија бидејќи неможеа да ги избегнат болидите кои беа буквално да сред пат.
За големо чудо никој не беше тешко повреден, а по прекинот на трката кој траеше повеќе од 45 минути поради чистење на стазата заврши „Гран Прито на Рим“.
Возачот кој изгуби контрола над возилото беше Сем Бирд, а за жал неговото возило застана во дел од патеката по свиокот каде што другите не можеа да го видат.
Следуваше серија судири и дури шест болиди завршија целосно блокирајќи ја патеката. Некои удриле во автомобилот на Бирд, но повеќето се обиделе да го избегнат судирот и удриле во ѕидот.
Погледнете што се случи на патеката:
BIG shunt.
Multiple drivers are out of the @Hankook_Sport #RomeEPrix following this nasty accident. pic.twitter.com/VskBzDYafM
— ABB FIA Formula E World Championship (@FIAFormulaE) July 15, 2023
Најстрашниот момент беше кога петтото возило по ред со брзина од речиси 250 километри на час влета право во јагуарот на Бирд, но некако дури и самиот Бирд успеа да остане неповреден.
На крајот, од 21 возило што ја започнаа трката, дури седум се откажаа.