Ретко може да прочитате нешто за колумбискиот фудбал во локалните медиуми, но она што се случи во тогашната Примера Б, предизвика големо внимание ширум светот.
Станува збор за натпреварот помеѓу Ланерос и Унион Магдалена, кој заврши со победа на гостите од 2:1, но начинот на кој Унион дојде до оваа победа вредна за пласман во плеј-офот за пласман во елитниот ранг на натпреварувањето е причина за таквото големо внимание на јавноста за овој дуел.
Ланерос поведе во 81. минута со голот на Ечевери, а пресвртот следеше во петтата и шестата минута од продолжението.
Најпрво израмни Гонзалес, а потоа Сегура го постигна победничкиот гол, со најблаго кажано чудни реакции од одбраната на противничката екипа.
Тој гол е приложен, па ќе биде интересно да се види дали по сето ова овој меч ќе има „трето полувреме“ на зелената маса …