(ВИДЕО) Фудбалерите бегаа за живот откако покрај теренот паѓаа бомби!

Loading

Девет лица се повредени, а причинета е сериозна материјална штета во вториот по големина град во Украина, објави Ројтерс.

Фото: Printscreen

На социјалните мрежи се појави видео тешко за гледање на кое се гледа како фудбалерите бегаат од теренот додека околу нив почнуваат да паѓаат бомби.

Играчите се обидоа со голема брзина да го напуштат теренот, но не знаеја каде, поточно каде е најбезбедно за нив во тој момент, па некои од нив легнаа на тревата со намера да си го спасат животот.

Во позадина на видеото се гледа и експлозија….

Нападите предизвикаа пожари во центарот на градот и предизвикаа штета на зградите.