По неуспехот на Копа Америка, Бразил му даде отказ на Дунга!

Loading

Очекувано по елиминацијата уште во групната фаза од Копа Америка 2016 во САД, бразилската фудбалска федерација нималку не се двоумеше и му врачи отказ на селекторот Дунга.

дунга

Дунга беше назначен пред 2 години и требаше да ја врати Бразилската селекција во колосек по срамната елиминација од Германија на Светското првенство, но работите не се одвиваа како што посакуваа бразилците.

Бразил се посрамоти и на Копа Америка откако доживеа елиминација уште во групната фаза од натпреварувањето победувајќи ја само селекцијата на Хаити, загуби од Перу во контроверзниот натпревар и одигра реми со Венецуела.

Фудбалската федерација на Бразил го отпушти и неговиот стручен штаб, а за нов селектор ќе биде назначен Тите кој е тренер на Коринтијанс.