Ова е листата на најбогатите светски спортисти – Кој е на врвот?

Loading

Општо е познато дека во спортот има многу пари, а навивачите ширум светот ги интересира колку нивните миленици заработиле во текот на нивните кариери.

На ова се обрати американскиот портал „Спортико“ кој објави листа на најбогати спортисти, а некои бројки се навистина неверојатни.

Првото место му припаѓа на легендарниот кошаркар Мајкл Џордан, кој досега има заработено дури 3,3 милијарди долари, додека зад него на втората позиција е голферот Тајгер Вудс со 2,5 милијарди долари, а потоа неговиот колега Арнолд Палмер со 1,7 милијарди долари заработка.

Најбогат фудбалер е Кристијано Роналдо со заработка вредна 1,5 милијарди долари, додека од светот на тенисот се издвојува Роџер Федерер со 1,2 милијарди долари.

Најдобриот светски тенисер Новак Џоковиќ е „само“ на 41. место, а споменатиот портал пресметал дека Србинот досега заработил 575 милиони долари долари.