Мајкл Џордан го кажа своето мислење за вакцинација против Ковид-19!

Loading

Легендата на НБА лигата и Чикаго Булс, како и актуелнен сопственик на Шарлот Хорнетс, Мајкл Џордан, ја коментираше ситуацијата со коронавирусот и правилата пред новата сезона.

Некои ѕвезди на НБА, како Кајри Ирвинг, одбиваат да се вакцинираат и поради тоа, нема да можат да играат на домашните натпревари на Бруклин Нетс поради ограничувањата во државата Њујорк.

Леброн Џејмс беше критикуван дека не сака да промовира вакцинација, бидејќи, како што истакна, „не е негова работа да ги убедува другите да го сторат тоа“.

Џордан, од друга страна, го стори тоа и изрази став дека верува во науката и вакцинацијата.

– Не сум загрижен за протоколите, целосно се согласувам со НБА лигата. Сите зборуваат за вакцинација. Знаете, јас верувам во науката, ќе се држам до неа и се надевам дека сите ќе ги следат правилата што ги дава лигата. Кога сите ќе се приклучат кон тоа, се ќе биде во ред – изјави Џордан, кој исто така верува дека фаворити за шампионскиот прстен ќе бидат екипите чии играчи ќе бидат здрави.