Голфот на Дражен се врати во Шибеник – Култниот автомобил со кого Босна го мамеше кај нив (видео+фото)

Loading

Taa 1983 година, Дражен Петровиќ практично се согласи за трансфер во КК Босна.

golf

Се чекаше само да заврши шампионатот на Југославија помеѓу Шибенка и Босна, а Дражен Петровиќ требаше да оди во Сараево.

За да докаже дека тој беше сериозен, шефот на Босна Стјепан Грубниќ му испрати бел голф “единица” и сè беше подготвено негов премин во Сараево.

Но, тогаш се случи “тој” натпревар во кој Шибенка победи со 83:82 против Босна и го освои шампионатот.

Дражен постигна 40 поени, вклучувајќи ги и двете клучни слободни фрлања, и големата забава можеше да започне.

golf1

Но, Босна се пожали дека последниот прекршот беше направен по истекот на времето каде Дражен ги постигна слободните фрлања.

Сојузот тој натпревар го поништи и предложи да се одигра мајсторка во Нови Сад, но Шибенка не се согласи и на натпреварот не отпатува.

Па така титулата на зелена маса им беше доделена на Босна, а Дражен по таа неправда, едноставно не можеше да замине во Босна.

Таткото на Дражен, Јоле отиде во Сараево за да го плати голфот, а Дражен заврши во Цибона.

Се останато е историја.

Долго по смртта на Дражен, неговата мајка Бисерка го возеше возилото и внимателно го чуваше, а сега беше доведен пред спомен собата на Дражен во Балдекин каде што ќе остане спомен.

golf2

“Ова е шибенска приказна и во Шибеник мора да заврши”, рече неодамна Бисерка пред Голфот да наполни 34 години и пристигна таму каде што припаѓа.

видео и слики – index.hr