(ФОТО) Тој е најскржавиот играч во фудбалот, а ФИФА го почести со пола милион евра!

Loading

Овој фудбалер е најскржавиот играч во светот на фудбалот, бидејќи е познат по тоа што никому не ги дава заработените пари.

фото: AFP OR LICENSORS

На поранешниот играч на Того, денеска паднаа пари од небо, а ФИФА реши да го израдува со сума од половина милион евра, што секако е импресивна бројка.

Имено, кога тој беше член на Олимпија од Парагвај, тој клуб реши да го раскине договорот со искусниот напаѓач по само четири настапи.

Иако не ги очекуваше парите, ФИФА одлучи дека Олимпија мора да му плати на Адебајор 510.000 евра плус 12% камата на таа сума.

„Не можеме ништо да направиме со претходно потпишаните договори. Знаеме дека Адебајор имал плата од 200.000 евра месечно. Ќе се смени политиката на плати“, изјави новиот клупски претседател на Олимпија.

Тоа нема премногу да влијае на 38-годишниот Адебајор, чиј џеб така ненадејно порасна за половина милион евра.

Поранешниот напаѓач на Арсенал е познат по тоа што со тешко срце ги дава своите пари, што го покажа тоа за време на пандемијата на коронавирус.

„За оние кои велат дека не донирам пари, ќе бидам многу јасен. Едноставно е, не давам пари,,. Јас правам што сакам, јадам што сакам, а сигурно ќе има и такви што ќе кажат дека не сум донирал ништо. За жал, некои мислат дека го донесов вирусот. Така е овде. Ме споредуваат со Дрогба и Ето, но јас не сум како нив „Јас сум Емануел Адебајор и секогаш ќе правам што сакам“, изјави напаѓачот пред две години.

На врвот на кариерата играше не само за Арсенал, туку и за Манчестер Сити и Реал Мадрид. Последна станица во неговата кариера беше локалниот Семаси.