Ана Марија Марковиќ (22), хрватска фудбалерка со швајцарско државјанство, ги преплави насловните страници на сите медиуми низ Европа.
Во прашање не е само нејзината убавина, туку и нејзиното деби во дресот на швајцарскиот Грасхоперс, каде постигна дури четири гола.
Кога не е на фудбалските терени и во копачки, Ана Марија се занимава со манекенство, што не е премногу изненадувачки со оглед на тоа дека е позната како една од најубавите фудбалерки во светот.
Членката на швајцарскиот Грасхоперс ја следат повеќе од 21.000 луѓе на социјалните мрежи, а судејќи по фотографиите, таа изгледа подеднакво добро и на теренот и надвор од него.
Ана Марија живее на релација Цирих-Сплит, а покрај манекенството и фудбалот, се занимава и со маркетинг.
Оваа девојка изгледа одлично што и да облече, а во иднина ќе се пишува повеќе за неа.