(ФОТО) Повторно крадци во домот на Лука Дончиќ – Еве што му собраа сега!

Loading

Ќуќата на словенечкиот кошаркар и играч на Далас Маверикс, Лука Дончиќ повторно беше мета на крадци, објави неговиот деловен менаџер.

Бизнис менаџерот на Дончиќ изјави дека имало упад во домот на словенечкиот репрезентативец и додаде дека во петокот вечерта во моментот на упадот немало никој во куќата.

Во полицискиот извештај се вели дека е украден накит вреден околу 30.000 долари.

Дончиќ е шестиот познат спортист во САД чија куќа е ограбена од октомври.

Дончиќ платил 3,3 милиони долари за својот дом во Тексас и се населил во Престон Холоу.

Недалеку од него живее сопственикот на клубот, милијардерот Марк Кубан, чие богатство се проценува на 5,7 милијарди.

Домот на Дончиќ има четири спални соби, шест бањи и многу простор за кошаркарот, неговата вереница и нивното дете.