(ФОТО) Потрошил 25.000 долари за ручек со девојка – Славниот Шек ја шокираше цела Америка!

Loading

Легендарниот кошаркар Шекил О’Нил неодамна ја извел девојката на ручек во ресторан и на крајот ја платил сметката од дури 25.000 долари.

О’Нил ручал со девојка која не и е позната на јавноста во луксузен ресторан во Менхетен, Њујорк.

Според пишувањата на медиумите, легендата на Лејкерс нарачала пилешко од Пекин, пржени ракчиња и пилешко на скара. А потоа направи голем гест и реши да ги плати оброците на секој гостин кој случајно бил во ресторанот во тој момент.

На крајот, на келнерот му дал голем бакшиш.

О’Нил моментално е НБА коментатор. Во својата играчка кариера освои четири шампионски прстени, еден со Мајами и три со Лејкерс, а има злато на Олимписките игри во Атланта и Светското првенство во Канада.