(ФОТО) Некогаш најубавата жена на светот и српска снаа на кошаркарот Јариќ, 10 години покасно не личи на себе!

Loading

Поранешната сопруга на познатиот српски кошаркар Марко Јариќ, Адријана Лима неодамна доби нов ангажман во Светата куќа на фудбалот и стана првиот светски амбасадор на навивачите на ФИФА.

фото: Profimedia

Затоа, познатата манекенка беше присутна на доделувањето на наградите на ФИФА за претходната година, што се одржа во Париз.

,,Потекнувам од повеќе од скромно семејство и како голем љубител на фудбалот, многу сум благодарна и почестена што ФИФА ме избра за прв светски амбасадор на навивачите и што ми беше овозможена платформа за поврзување на навивачите преку играта – изјави Лима.

Бразилката беше во брак со Јариќ седум години, а сега е во врска со Андре Лемерс, холивудски продуцент и бизнисмен.

Иконата на „Викторија сикрет“ во понеделникот се појави во црн фустан, но сите оние кои долго време ја немаа видено не можеа да ја препознаат…

Адријана се здебели, има голема разлика во нејзиното лице, особено ако се спореди со сликите од истата церемонија пред десет години.

Во септември минатата година Бразилката го роди своето трето дете, момчето Сиjан, кое го доби со Лемерс.

фото: Michael Baucher / Panoramic / Profimedia, Presse-Agentur Dukas / Shutterstock Editorial

По бракот со Јариќ, кој траеше од 2009 до 2016 година, има две деца, ќерките Валентина (12) и Сијена (9).