(ФОТО) Киргиос ја потврди шокантната приказна за Надал – Да вистина е!

Loading

Контроверзниот Австралиец Ник Киргиос се согласи со колегата тенисер Џон Иснер, кој неодамна во подкаст изјави дека Рафаел Надал бил „ужасен спаринг партнер“.

фото: ZAC GOODWIN/AP

Поранешниот американски тенисер откри интересна анегдота со Надал од 2017. Всушност, агентот на Надал му се јавил на стартот на турнирот во Пекинг и му рекол дека Рафа сака да тренира со него.

Американецот беше изненаден од поканата, бидејќи по ждрепката беше јасно дека можат да се сретнат во четвртфиналето, но сепак реши да тренира со славниот шпански тенисер.

Тоа беше голема грешка, Надал се однесуваше како да е вистински меч.

“Ужасно е да се тренира со него. Тој удира толку силно, погодува винери, а тој е Рафа, па не можете да му кажете ништо. Само оставете го да прави што сака. Кога ја видов ждрепката, си помислив: “Дали е ова негов начин да ме анализира пред натпреварот?” И кога малку размислив, сфатив – да, токму тоа го правеше тој сакаше да го види мојот сервис, мојата игра, како ја удирав топката на тренинг“, откри Иснер.

Ник Киргиос веднаш ја потврди неговата изјава.

“Можам да потврдам. Ја крши топката на тренинг. Страшно”, напиша Ник на Инстаграм.