(ФОТО) Андреј Лазаров не бил во дискотеката во Кочани вечерта! – Семејството откри се!

Loading

Младиот фудбалер на Шкупи, Андреј Лазаров почина во болница по пожарот во дискотека во Кочани, а македонските медиуми откриваат детали кои ги добиле од семејството на фудбалерот.

Фото: Instagram/AndrejLazarov

 

За работите да бидат уште пошокантни, трагичниот исход настанал откако Андреј слушнал што се случува во неговиот град и итно се упатил кон дискотеката зафатена од пожарот.

Откако пристигнал хероски влегол внатре во обид да спаси што повеќе луѓе и во тој обид загинал… Вдишил чад кој бил фатален за него….

Лазаров е кочанчанец, а во текот на кариерата настапуваше за македонската младинска репрезентација (У21) за која забележа еден настап.

Тој во Скопје пристигна пред почетокот на сезоната, а досега има одиграно осум натпревари во македонската Прва лига. Забележителен белег остави во елитната хрватска лига каде во две сезони одигра 27 натпревари за Горица и Рудеш.

За Тиквеш одигра најмногу натпревари во кариерата вкупно 43 каде имаше учинок од 4 гола и 11 асистенции.

Вкупно во кариерата одиграл 105 натпревари во Македонија и Хрватска.

Фото: Instagram/AndrejLazarov

Од фудбаслкиот клуб Шкупи од Скопје пристигна соопштение во кое се вели….

„ФК Шкупи донесе одлука да го повлече од употреба дресот со број 77, кој го носеше Андреј Лазаров сè до неговото прерано заминување од овој свет. Ова е еден мал гест од наша страна, во знак на почит и благодарност за неговиот придонес во клубот.

,,Исто така, клубот одлучи неговото семејство да ги добива платите според договорот што Лазаров го имаше со ФК Шкупи.

,,Андреј Лазаров засекогаш ќе остане дел од историјата на ФК Шкупи, а овие одлуки донесени од раководството се мал знак на почит за оддавање чест на неговото сеќавање“, објави Шкупи.

Почивај во мир Андреј…… Сочуство до фамилијата!