Атаман со оваа изјава за Обрадовиќ ги изненади сите! Што кажа турчинот пред мечот со Партизан за Жоц?!

Loading

Панатинаикос и Партизан утре од 20:15 часот во „ОАКА Арената“ во Атина ќе го одиграат мечот од 13. коло од Евролигата.

Тренерот на грчкиот тим и воедно на актуелниот европски првак, турчинот Ергин Атаман, ги изнесе своите очекувања пред овој дуел.

Атаман, меѓу другото, зборуваше со големи пофалби за Жељко Обрадовиќ и ги изненади сите со изјавата дека го смета Жоц за најдобар тренер во историјата на Евролигата….

„Партизан загуби од Фенербахче, но имаат многу опасен тим со искуство и квалитетни играчи како Браун, Вашингтон, Паркер и Калатес. Не заборавајте дека, и покрај тешката позиција на табелата, тие го имаат најдобриот тренер во историјата на Евролигата. Тој знае како да се справи со ваквите ситуации. За нас секој натпревар е важен, мораме да играме напорно и да се обидеме да победиме“, изјави Атаман, па додаде дека и самиот е изненаден од кадровската состојба во тимот и дека во составот нема да бидат Џеди Осман и Омер Јурцевен:

„И за мене тоа беше изненадување. Пред тренингот лекарите ми рекоа дека не се подготвени и дека не можат да играат. Значи, нема да бидат во составот утре, заврши Атаман.

Мечот се игра утре со почеток од 20 часот и 15 минути.

Панатинаикос е 4-ти на табелата со осум победи и четири порази, додека Партизан е скоро на дното на 18-тото место со ское од четири победи и осум порази.