Збогум легендо! Почина фудбалскиот генијалец Јохан Кројф на 68 годишна возраст

Loading

Фудбалскиот свет се збогува со легендарниот холандски фудбалер Јохан Кројф кој почина од рак на белите дробови на 68 години утрово.

Cruyff2

Тој од октомври минатата 2015 година дозна дека боледува од оваа тешка болест од која не успеа да се избори. Кројф се прослави како напаѓач на Ајакс и Барселона, а три пати ја освојуваше Златната топка.

Како играч на Ајакс освои три последователни Европски купови, а како менаџер на Барселона им ја донесе првата Европска титула во 1992 година.

Во февруари Кројф изјави дека се чувствува како да води со 2-0 против ракот на белите дробови и дека е сигурен дека ќе победи, но сепак тоа не се случи.

Cruyff1

Кројф ќе остане запаметен како еден од најдобрите светски фудбалери во историјата на фудбалската игра.

Почивај во мир мајсторе!