Видео: Прв пораз на Македонија во дуелите со Словенија…1-0 во Копер!

Loading

Фудбалска Македонија загуби со 1-0 од Словенија во пријателски меч што се одигра во Копер, Словенија.

makedonija

Стрелец на единствениот гол беше Безјак во 58.минута.

Македонската селекција засилена со повратникот Горан Пандев одигра солидно прво полувреме. Фудбалерот на Џенова се закани во 8.минута, потоа од далечина се обиде и Ибраими.

Словенците  во првите 45 минути имаа зрели шанси преку Бејзак и Иличиќ. Роман Безјак во вториот дел успеа да го совлада Димитриевски, гол за прв триумф на Словенија  по трите победи на Македонија во меѓусебните пресметки.

Нова можност да го тестира составот, селекторот Игор Ангеловски ќе има на 29 март во Скопје со репрезентацијата на Бугарија.

Од нашите противници  во квалификациите за СП во Русија, Израел загуби од Хрватска со 2-0 на гостувањето  во Осијек.

Погледнете го единствениот гол на натпреварот…